Влаховиќ од следната сезона би можел да игра во Премиер лигата

фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Душан Влаховиќ би можел да му се приклучи на Арсенал во текот на летото, откако минатиот јануари го одби тимот на Микел Артета за да потпише за Јувентус.

На негово место, „топчиите“ минатото лето го ангажираа Габриел Жесус од Манчестер сити, кој импресионираше за лондончани оваа сезона и покрај тоа што беше повреден околу три месеци, но придонесе за моментно клубот да биде на првото место во Премиер лигата.

Во меѓувреме, Јувентус се искачува на табелата во Серија А и сега е на седмата позиција откако му беа одземени 15 бода од имотот поради финансиска измама. „Бјаконерите“ бркаат пласман во Лигата на шампионите, а продолжуваат и во Лига Европа каде во четврт-финалето ќе се сретнат со Спортинг Лисабон.

Сега се шпекулира дека Влаховиќ, кој немаше најдобра сезона, би можел наскоро да го облече дресот на Арсенал доколку тимот ја освои титулата и менаџерот Артета го продолжи интересот за српскиот напаѓач.

Влаховиќ досега сезонава има учинок од 11 гола и четири асистенции во сите натпреварувања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот