Владо Бучковски / Фото: Принсткрин

Владо Бучковски стана бизнисмен

Поранешниот премиер и специјален владин претставник за односите со Бугарија, Владо Бучковски, презеде фирма и стана бизнисмен, објави „Фактор“.

Тој од пред Нова година е единствен сопственик на фирмата „Хербос“ Дооел Скoпје, која е регистрирана на почетокот од 2025 година од Ристо Коруноски. Управител е Елисавета Коваческа Коруноска. Регистрираната дејност е трговија на големо со пијалаци.

Бучковски ја потврди информацијата за „Фактор“ и рекол дека дејноста на друштвото ќе се одвива во рамки на трговија, посредништво и консалтинг, без да изнесе повеќе детали, затоа што, како што вели, имало време за тоа.

Владо Бучковски е доктор по правни науки и долгогодишен професор по римско право на Правниот факултет „Јустинијан Први“. Функцијата министер за одбрана ја извршуваше во периодот на вооружениот конфликт во 2001 година, а од 2004 до 2006 година беше претседател на Владата.

Бучковски: Борисов го поддржа францускиот предлог и покажа лидерство и пријателство кон Македонија – Слободен печат

По заминувањето од премиерската функција, Бучковски се повлече од активната партиска политика и се врати на академската работа. Во последните години беше ангажиран и како специјален пратеник за односите меѓу Македонија и Бугарија.

Бучковски: Бевме лидер во регионот, па загубивме десет години со ВМРО-ДПМНЕ, а и Макрон нè блокираше

Неодамна беше објавено и дека поранешниот функционер во владата на Никола Груевски, Диме Спасов се вратил од странство повторно да живее во Македонија, со планови да работи како проценител.

Диме Спасов се вратил од странство, отворил фирма и ќе работи како вештак-проценител

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот