Владејачките социјалисти во Португалија со предност во анкетите, но ќе можат ли да формираат мнозинство?

Антонио Коста, премиер на Португалија/ Фото EPA-EFE/MIGUEL A. LOPES

Владејачките социјалисти во Португалија го зголемија своето водство во новите анкети во пресрет на предвремените избори на 30 јануари, но се уште немаат владејачко мнозинство, пишува Ројтерс.

Последните анкети покажаа дека партијата на сегашниот премиер Антонио Коста има 39,6 отсто од гласовите, што е повеќе од претходните 37 отсто во изминатиот месец.

Иако тоа се најдобрите резултати на Социјалистичката партија (ПС), тие сепак ќе имаат проблеми околу формирањето на мнозинството.

Гласањето покажа дека Социјалдемократите (ПСД), имаат пад во популарноста кај граѓаните, со 30%, помалку од претходните 31,7% во декември.

Второто истражување, спроведено од весниците Jornal de Negocios и Correio da Manha, потврди дека ПС остана фаворит за изборите, но само со 29% од гласовите, што е намалено во однос на 29,4% во последниот месец. Според нивните анкети ПСД имаат 24,1 отсто од претходните 22,2 отсто.

Според овие анкети бројот на неопределени гласачи е околу 18%

Во октомври, двајцата поранешни сојузници на премиерот Коста – комунистите и левиот блок – застанаа на страната на десничарските партии за да ги отфрлат барањата околу средствата на малцинските власти, предизвикувајќи предвремени избори.

Левиот блок и комунистите во првичните анкети добија 6,4% и 5% од гласовите, а седум% и 4,9% во анкетата на португалските весници.

Според секоја анкета, Левиот блок останува трета по големина партија, веднаш над екстремно десничарската Чега.

Во првичните анкети беа опфатени 600 луѓе од 30 декември до 9 јануари. Анкетите на весниците беа спроведени од 4 до 10 јануари и во неив беа анкетирани 615 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот