Фото: EPA/GEORGI LICOVSKI

Владејачката „Самоопределување“ е пред победа на вонредните парламентарни избори во Косово

Најмногу гласови на вонредните парламентарни избори што се одржаа денеска во Косово освои движењето „Самоопределување“ – 44,1 процент, според излезните анкети, пренесува Индекс.хр.

Денеска парламентарни избори на Косово по кризата со формирање нова влада

На второ место е Демократската партија на Косово со 23,9 проценти од гласовите, додека на трето место е Демократскиот сојуз на Косово со 16,1 процент од гласовите. Алијансата за иднината на Косово е четврта со 5,8 проценти од гласовите, додека Социјалдемократската иницијатива на Косово е на петтото место со 1,1 процент од гласовите.

Другите партии заедно добија девет проценти од гласовите, според излезните анкети, презентирани вечерва на косовски медиуми.

Според овие резултати, изборниот праг од пет проценти го поминаа сите поголеми албански партии, освен Социјалдемократската иницијатива.

На овие избори имаа право да гласаат 2.076.290 регистрирани гласачи, од кои 1.999.205 гласачи имаа право да гласаат на гласачките места во Косово, а 77.085 гласачи беа регистрирани да гласаат по пошта надвор од Косово (дијаспора).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот