Косово избори/ Фото архива

Денеска парламентарни избори на Косово по кризата со формирање нова влада

По повеќемесна криза околу формирањето нова влада, на Косово денеска се одржуваат предвремени парламентарни избори.

Во периодот од 7 до 19 часот својот глас на изворите можат да го дадат 2.076.290 граѓани, од кои 1.999.204 се гласачи кои ќе можат да гласаат во Косово.

Овие се втори парламентарни избори годинава затоа што движењето „Самоопределување“ на премиерот Албин Курти, и покрај тоа што освои најмногу гласови на изборите на 9 февруари, не успеа да формира влада.

Во трката за 120 пратенички места – 100 од албанското мнозинство, 10 од српската заедница и 10 од другите малцински заедници што живеат во Косово – учествуваат 1.180 кандидати од 24 политички субјекти. Од нив  18 партии се партии, три коалиции, две граѓански иницијативи и еден независен кандидат

Изборите ќе бидат следени од локални и меѓународни набљудувачи, вклучувајќи ги и мисиите на Европската Унија, за да се гарантира регуларен, слободен и демократски процес.

Се очекува прелиминарните резултати од изборниот процес да бидат објавени неколку часа по затворањето на гласачките места.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот