Владата со парична награда за олимпискиот вицешампион Георгиевски и неговиот тренер

Македонскиот таеквондист ќе атакува на златото во Париз/Фото: EPA-EFE/RITCHIE B. TONGO

Во текот на вчерашниот ден Дејан Георгиевски на Олимписките игри во Токио на теквондо турнирот во категоријата над 80 кг. го освои сребрениот медал.

Тоа е прв медал на овие Игри за Македонија, а вкупно во нејзината историја на Летните олимписки игри.

Георгиевски, тренерите Борче и Дарко Костовски покажаа дека македонското олимписко теквондо е на едно врвно планетарно ниво, и се вбројува во едно од најдобрите на светот.

Георгиевски го забележа најголемиот спортски резултат во историјата на независна Македонија, тој ќе остане засекогаш запишан со златни букви во нашата и светска спортска историја.

Костовски: Георгиевски ти си посебен, Македонијо се гледаме горди и достоинствени на плоштад

Владата после овој голем успех остварен Јапонија парично го награди тимот:

– Владата на Република Северна Македонија на редовната 92-ра седница донесе одлука на нашиот претставник на Олимписките игри во Токио кој се закити со сребрен медал во дисциплината теквондо Дејан Георгиевски да му биде доделена парична награда во висина од 1.200.000,00 денари, а на неговиот тренер Дарко Костовски да му бидат доделени 600.000,00 денари.

Освојувачот на сребрениот медал во теквондо на ЛОИ Токио 2020 ќе биде награден и со дополнителни 600.000,00 денари од страна на Агенцијата за млади и спорт – објавија од Владата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот