Владата се разбуди за Охрид: Стоп за уривањето на „Парк“ и преиспитување на случајот

Владата побара од Општина Охрид запирање на градежните работи на локацијата на поранешниот ресторан „Парк-Горица“, до утврдување на фактичката состојба од страна на стручната комисија на Министерството за транспорт и врски, која ќе изврши увид во процесот на издавање односно спроведување на одобрението за градење на локацијата на поранешниот ресторан „Парк-Горица“ и за своите наоди ќе ја извести Владата на нејзината наредна седница. Притоа, се вели во соопштението на владината прес-служба, Владата ѝ даде рок од два дена на Општина Охрид да достави Информација за важноста на одобрението за градба на локацијата на „Парк“, поради истечената дозвола за градење.

Владата ги задолжи Министерството за култура, Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за транспорт и врски, Државниот инспекторат за животна средина и општините во иднина заеднички да ги решаваат проблемите со светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион. На општините Охрид, Струга и Дебарца Владата им укажа дека до донесувањето на новите урбанистички планови кои ќе бидат усогласени со Планот за управување со природното и културно наследство на Охридскиот регион , тој задолжително да се почитува.

Министерката за култура Ирена Стефоска, која е и претседателка на Националната комисија на УНЕСКО, пред неколку дена изјави дека општините Охрид и Струга немаат волја за заштита на светското природно и културно наследство впишано во УНЕСКО и дека ќе иницира пред Владата одземање на ингеренциите на овие општини.

Во одговорот кој го доби „Слободен печат“ од Државниот Градежен Инспекторат, тие се прогласуваат за ненадлежни за случајот со уривањето на Парк во Охрид, со образложение дека се работи за градба од локално значење каде бил надлежен општинскиот градежен инспектор“,

Дали Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам е запознаен со член 149 од Законот за градење, прашуваат од Охрид СОС, граѓанска организација која со години се бори за зачувување на природните и културните вредности на Охридскиот регион. „Кога органот надлежен за вршење на работите од областа на уредување на просторот, односно градежниот инспектор ќе утврдат дека општината, односно овластениот градежен инспектор не ги донесуваат во предвидените рокови актите утврдени со овој закон, ќе поднесат предлог за вршење на инспекциски надзор до Државниот управен инспекторат, кој е должен да изврши инспекциски надзор согласно со Законот за управната инспекција“.

Не сакаме повеќе да слушаме правдања и изговори од институциите. Додека тие си ја префрлаат топката, граѓаните на дневно ниво доживуваат неправди, се уништува скапоцено природно и културно наследство. Цивилизирана земја со демократски вредности сме или криминално дувло?

Охрид СОС до надлежните: Прогласете го „Парк“ за споменик на културата – заштитете го и езерото и градежното наследство на Охрид!

Охрид СОС до надлежните: Прогласете го „Парк“ за споменик на културата – заштитете го и езерото и градежното наследство на Охрид!

 

Охрид СОС до надлежните: Прогласете го „Парк“ за споменик на културата – заштитете го и езерото и градежното наследство на Охрид!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот