unsplash
Фото: ЕПА

Владата најави ново оружје во борбата против злонамерните хакери

Владин „центар за одговор на сајбер инциденти“ ќе биде промовиран во првата половина од наредната година, најави вечерва министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.

-Веќе завршуваме со дел од набавките и инсталирање на опремата. Првпат ќе лансираме владин центар за одговор на сајбер инциденти. Обично ставам амбициозни рокови, еве ќе речам, ќе го промовираме во првата половина од 2026 година, рече Андоновски во „Тема на денот“ на МТВ.

Тоа, како што објаснува министерот, ќе биде „мониторинг-центар за сè што се случува во смисла на сајбер сообраќајот во владините институции“.

-Ќе може рано да се интервенира доколку се случат определени напади и закани. Го дизајниравме со инфраструктура што ќе овозможи ширење, нема да биде огромен на почетокот, но полека-полека ќе го збогатуваме со дополнителни инвестиции, рече Андоновски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот