Владата на Макрон со нови стимулации за зелените технологии

Собрание во Франција/ Фото: МИА

Француската влада ќе понуди нови даночни олеснувања и стимулации за инвестиции во ветерна и соларна енергија, топлински пумпи и батерии како дел од транзицијата на индустријата кон зелена иднина, објави претседателот Емануел Макрон, цитиран од Ројтерс.

Мерките, кои ќе бидат вклучени во буџетот за следната година, се очекува да генерираат 20 милијарди евра приватни инвестиции до 2030 година и да отворат десетици илјади нови работни места.

Француската влада се обидува да ги зголеми инвестициите во еколошки технологии во обид да ги достигне САД, кои на компаниите кои инвестираат во зелени технологии им даваат длабоки попусти според таканаречениот Закон за намалување на инфлацијата.

Макрон посочи дека законот за зелена индустрија, кој ќе биде претставен следниот вторник, ќе вклучи и зголемени инвестиции во обука, како и олеснување на процедурите за отворање нови фабрики и погони во Франција. Целта е ова да се случи двојно побрзо отколку што е сега, пишува БТА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот