Сателитска снимка од стариот саемски комплекс, урнат во 2018 година / Фото: МАРХ (marh.mk) / Google Maps

Владата бара приватна фирма што ќе го гради новиот скопски Саем, веќе нашла можна локација

Осум години откако беше срушен Скопскиот саем и на негово место никна „Ист гејт мол“, главниот град повторно ќе добие современ саемски комплекс, откри во гостување на „4ТВ“ директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата, Ивица Томовски. Тој вели дека „веќе е обезбедена потенцијална локација“ и дека проектот „ќе се реализира преку модел на јавно-приватно партнерство“.

Според Томовски, се прават последните проверки околу имотно-правниот статус на предложената локација.

„Ние како држава сега немаме саем. Имаме некоја локација во најава, чекаме уште да видиме со Град Скопје и Катастар дали таа локација е чиста. Планирано е да се изградат неколку хали за саем, спортски терени и хотел. Би барале приватен инвеститор кој ќе го реализира проектот, за државата да не вложува 50 милиони евра, а објектот сепак да остане во државна сопственост“, изјави Томовски.

Тој во разговорот не ја откри точната локација за која се размислува, но наведе дека таа е во близина на „Џевахир сити“ во општината Аеродром.

Скопје е без саемски комплекс од 2018 година, кога беше урнато Скопското сајмиште, на чие место беше изграден огромниот мол. Уривањето тогаш предизвика бура од негативни реакции кај голем дел од граѓаните, но и кај архитектите и урбанистите. Во отворено писмо со наслов „И Саем е Скопје“, претставници на архитектонската фела предупредија дека се уништува значаен дел од македонското архитектонско и стопанско наследство.

Скопје можеби ќе добие нови саемски хали – сериозна анализа на реалните потреби или предизборен маркетинг?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот