Владата бара претседателот на ФФМ да се извини за „летањето орли“

фото: фејсбук

Претседателот Пендаровски и Владата за весникот „Нова Македонија“ го коментираат потегот на првиот човек на ФФМ на прославата на титулата на Шкендија.

Екипата на Шкендија минатиот викенд ја освои шампионската титула која е четврта во клупската историја, но потоа на сцена стапи политиката. Уште во неделата, на доделувањето на шампионскиот пехар на градскиот стадион во Тетово беше присутен речиси целиот политички врв на ДУИ на чело со претседателот на партијата Али Ахмети. Веќе наредниот ден, на прославата на титулата, претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини се слукаше со првиот човек на Шкендија и фудбалерите кои притоа „летаа орли“, што претставува симбол за Голема Албанија.

Ваквиот потег на претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини, наиде на реакции од политичкиот врв во држата, односно од Владата и претседателот Стево Пендаровски.
Остро ја осудуваме ваквата реакција на претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини и на другите чинители и во согласност со позитивните законски прописи во државата, бараме да преземат одговорност и јавно да се извинат. Тие треба да работат на развој на спортот и фудбалот, а не да провоцираат и да промовираат политички концепти, кои знаат да бидат многу опасни и деструктивни и да упатат лоша порака на нееднаквост, дискриминација и поделеност меѓу народите. Ова не е држава на една етничка група, туку држава каде што секој граѓанин се чувствува еднакво, правично и праведно, без разлика на националната припадност“, стои во одговорот на Владата испратен до весникот „Нова Македонија“.

Целиот текст на Нова Македонија може да го прочитате на следниот ЛИНК.

 

Претседателот на ФФМ на прославата на титулата на Шкендија лета „орли“

ВИДЕО:Политика во фудбалот, партискиот врв на ДУИ на доделувањето на шампионскиот пехар на Шкендија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот