Претседателот на ФФМ на прославата на титулата на Шкендија лета „орли“

фото: фејсбук

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Муамед Сејдини, беше дел од вечерашната прослава на четвртата титула на Шкендија во домашниот шампионат.

На свеченоста Сејдини заедно со сопственикот на Шкендија, Дестани и фудбалерите „летаа орли“, односно се фотографираа во поза која симболизира Голема Албанија.
Според статутот на УЕФА се санкционира секаква акција или дејство кои предизвикува било каква дискриминација или омраза по верска, етничка или расна основа.

Во текот на вчерашниот ден, односно при предавањето на шампионскиот пехар на „Шкендија“’, на Градскиот стадион во Тетово присуствуваше речиси целото раководство на ДУИ на чело со претседателот Али Ахмети кој дури и го крена шампионскиот пехар, што е нов доказ дека политиката е длабоко навлезена во македонскиот фудбал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот