Влада: Ослободување од царини за суровини и репроматеријали за компаниите опфатени со првата мерка од Пакетот 5

Фото: mia.mk

Владата соопшти дека со првата мерка од петтиот пакет компаниите од метало-преработувачката индустрија, металургијата, текстилната и кожарската индустрија се ослободени од царинските давачки во висина од 7,1 милиони евра за суровини и за репроматеријали.

Како што се наведува во денешното соопштение, на вчерашната 40-та седница, Владата донесе одлука за укинување на увозните давачки – царинските стапки, на одделни суровини и репроматеријали кои се употребуваат во преработувачката индустрија, со цел да ги олесни условите за работење на овие компании и да овозможи да се зголеми нивната конкурентност во услови на пандемија и отежнато работење на компаниите од преработувачката индустрија.

– Со одлуката за укинување на увозните давачки што ќе стапи во сила на 1 февруари, компаниите ќе бидат ослободени од царинските давачки во висина од 7,1 милиони евра за 71 одделни суровини и репроматеријали кои се употребуваат во метало-преработувачката индустрија, се наведува во соопштението од Владата.

Предлог листите на производи опфатени со оваа одлука, која е првата усвоена одлука од новиот, петти, пакет на економски мерки за справување со последиците од ковид-19, се изготвени по извршена консултација со компаниите членки на Стопанската комора од секторите на метало-преработувачката индустрија, на металургијата, на текстилната и на кожарската индустрија, кои за увоз на суровини и репроматеријали во 2019 година платиле вкупно 162,4 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот