Вкусови што се памтат: Турска кујна – Симит, пециво полно со сусам готово за 30 минути!

Фото: Јутјуб/Принтскрин

Сосема во согласност со својата репутација, турската кујна секогаш претставува пријатно изненадување за сите оние што ја пробале.

Во текот на оваа недела ќе ви претставиме неколку традиционални рецепти од турската кујна.

Денес ќе се посветиме на едно многу популарно турско пециво – симит.

Турскиот симит е пециво налик на добро познатиот ѓеврек во мини издание кој што може да го најдете во секоја турска пекара, а најслатки се оние кај уличните продавачи. Овојпат, подгответе го турскиот симит како попладневна ужинка и уживајте во неговиот вкус со шолја кафе или чај.

Состојки:

  • 2,5 чаши брашно
  • 1 лажичка сол
  • 1 чаша топла вода
  • 1 лажичка сув квасец
  • 1 лажичка шеќер
  • 2 лажички маслиново масло
  • 1 лажица вода
  • 1 чаша семе од сусам

Подготовка: Ставете ги сите состојки за тестото во сад и замесете мазно тесто. Покријте ја тавата и оставете го да стои на топло 1 час. Загрејте ја рерната на 200 степени.

Расукајте го тестото и исечете го на ленти. Завртете ја секоја лента со рацете во должина од 24 см, во форма на грисина. Потоа, завиткајте ја лентата во плетенка од две нишки и потоа формирајте кружна форма на симит.

Исто така може да си поиграте со формата и изгледот, па симитот да не биде традиционално како плетенка туку во форма на американска крофна со дупка во средината.

Ставете го симитот во сад за печење, премачкајте го со вода и обилно посипете го со сусам. Печете 20-25 минути додека убаво не поруменат.

Се служат топли со сирење, џем или некој намаз по ваша желба.

Добар апетит!

Вкусови што се памтат: Турска кујна – Кескул, десерт кој потсетува на популарните Рафаело бомбици, а се прави за само 15 минути!

Вкусови што се памтат: Турска кујна – Ќофте во тава со зеленчук готово за 40 минути

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот