Вкусови што се памтат: Турска кујна – Езогелин чорба

Сосема во согласност со својата репутација, турската кујна секогаш претставува пријатно изненадување за сите оние што ја пробале.

Во текот на оваа недела ќе ви претставиме неколку традиционални рецепти од турската кујна.

Оваа чорба е една од најпознатите од турката кујна, а името на оваа чорба според легендата го добила од една преубава девојка што живеела на почетокот на 20 век некаде во Анадолија.

Била толку многу убава што сите почнале да ја викаат Езо, што во слободен превод значи „убавица“. Подоцна, кога се омажила, ѝ го додале и зборот „гелин“односно невеста. Ние денес ви го претставуваме рецептот за вкусната чорба на невестата Езо или Езогелин чорба која денес е едно од најпознатите јадења во турската кујна.

Прочитајте и...  Третман за витилиго, сега има лек!

Состојки:

  • 1 чаша црвена леќа
  • ½ чаши булгур
  • ¼ чаши ориз
  • 1 среден кромид
  • 2 лажици доматно пире
  • 2 лажици путер
  • 3 лажици масло
  • 2 чешниња лук
  • малку суво нане
  • мелена црвена пиперка
  • сол по вкус

Подготовка:

Во тенџере ставете 1 лажица маслиново масло и 2 лажици путер убаво да се растопат. Додадете го кромидот и лукот, но претходно да се многу ситно исечкани.

Ставете ги во садот со путерот и маслото и оставете ги убаво да се запржат. Кога кромидот и лукот убаво ќе се запржат се додадете ги леќата, булгур и оризот. Измешајте сè со тенџерето, а потоа додадете 1 литар врела вода. Покријте го тенџерето и оставете ја да врие околу 20 минути.

Во меѓувреме, загрејте 2 лажици масло во друга тава и додадете 1 лажица брашно и 2 лажици доматно пире. Сосот не треба да е ниту многу густ, ниту многу редок.

Прочитајте и...  Хорор филмови по вистински случувања: Инспирација за најстрашните филмови низ историјата

Промешајте убаво и додадете малку врела вода. Додадете зачини по желба и тргнете ја тавата од оган.

Пробајте ја чорбата од тенџерето и доколку состојките се добро сварени, додадете го подготвениот сос и послужете.

Се сервира со обичен бел леб или погача, а може и со турски Балзама леб.

Добар апетит!

Вкусови што се памтат: Турска кујна – Балзама: балонести лепчиња меки како путер! (РЕЦЕПТ)

Поврзани вести

Стручњаците открија на кои делови од телото најмногу и најмалку боли тетовирањето!

Слободен Печат

Зоран Костески – Шваца ни го открива Мариово, од памтивек неосвоена област

Ј.К.Д

Худини и Коперфилд во Куќата на славните: Тие го забавуваа светот со својата магија! (ВИДЕО)

Слободен Печат

Во екот на пандемијата на коронавирусот, зошто е потребен витаминот К?

Слободен Печат

Спектаклот за најголемата ријалити-ѕвезда: Ким Кардашијан го прослави својот 40-ти роденден! (ВИДЕО)

Слободен Печат

Знаци што укажуваат на болен црн дроб: Честата појава на модринки е аларм

Слободен Печат

Остави Коментар