Вкусови што се памтат: Турска кујна – Балзама: балонести лепчиња меки како путер! (РЕЦЕПТ)

Сосема во согласност со својата репутација, турската кујна секогаш претставува пријатно изненадување за сите оние што ја пробале.

Оваа недела која ја посветивме на турската кујна ја заокружуваме со Балзама, популарен турски  леб кој одлично оди со скара како најава за викендот, а може и со редовниот ручек наместо стандарден леб.

Состојки:

– 20 гр квасец
– 500 гр брашно
– 2 лажички сол
– 1 лажица шеќер
– 170 мл вода
– 180 гр јогурт
– 1 лажица масло
– 1 коцка путер за премачкување

Подготовка: Растворете го квасецот со неколку лажици млака вода. Брашното просејте го, а потоа тргнете 4 лажици настрана. На поголемиот дел од брашното додадете ги шеќер, сол, вода, јогурт и, стопениот квасец. Месете во садот додека не добиете убаво и меко тесто. Тестото ќе биде лепливо и ретко, но постепено додавајте го остатокот од брашното (оние 4 лажици што ги одделивте) и замесете го убаво и форма на топка.

Прочитајте и...  Во екот на пандемијата на коронавирусот, зошто е потребен витаминот К?

Ставете малку масло на вашите раце и премачкајте го тестото од сите страни, покријте го со крпа и оставете го да стои на топло еден час.

Откако тестото ќе одстои еден час посипете го уште малку со брашно, колку што можете за да го одлепите од садот, а потоа пренесете го на работната површина, која претходно убаво ќе посипете брашно.

Сукајте го тестото уште малку и направете форма на ролна, а потоа исечете го на 4 дела со остар нож. Внимателно формирајте топче од секој дел, а потоа покријте го со крпа и оставете го да стои 10 минути. На набрашнета работна површина, убаво расукајте ја секоја топка во круг со дијаметар од околу 25 см со сукало. Кога ќе стане тешко да се истегнете, оставете го да одмори, а вие истегнете друга топка. Покријте повторно со крпа и оставете да стои две минути, а потоа продолжете да сукате додека не ја добиете вистинската големина.

Прочитајте и...  Зошто Меган и Хари се враќаат во Лондон за Божиќ?

Потоа покријте ги повторно и оставете ги да одморат околу 5 минути, а за тоа време ставете масло во тавата се загрева. Загрејте го маслото на највисока температура (внимавајте да не изгори), а потоа додадете ја лепиња.

Тие треба да се печат најмногу 30 секунди од двете страни во неколку наврати – штом меурчињата почнат да се појавуваат на тестото, свртете го на другата страна и по 30 секунди, повторно свртете го на страната на која веќе ја печевте.

Лепињата треба да се надува како балон, а потоа свртете ја повторно за да ја испечете другата страна. Кога ќе се направи балонот, можете малку да вртите лепињата со рацете, така што насекаде ќе ја допира тавата и ќе добие убава боја, а не само во средина.

Прочитајте и...  ВИЦ НА ДЕНОТ: Главоболка

Додека лебот е сè уште топол, премачкајте го со путер од двете страни. Спремен е за јадење!

Вкусот е толку добар што ќе сакате да ги правите секој ден.

Добар апетит!

Вкусови што се памтат: Турска кујна – Езогелин чорба

 

Поврзани вести

Меланија Трамп за првпат се појави во јавноста по битката со коронавирусот и ги воодушеви присутните со елегантниот стајлинг! (ФОТО)

Слободен Печат

Стручњаците открија на кои делови од телото најмногу и најмалку боли тетовирањето!

Слободен Печат

Зоран Костески – Шваца ни го открива Мариово, од памтивек неосвоена област

Ј.К.Д

Худини и Коперфилд во Куќата на славните: Тие го забавуваа светот со својата магија! (ВИДЕО)

Слободен Печат

Во екот на пандемијата на коронавирусот, зошто е потребен витаминот К?

Слободен Печат

Спектаклот за најголемата ријалити-ѕвезда: Ким Кардашијан го прослави својот 40-ти роденден! (ВИДЕО)

Слободен Печат

Остави Коментар