Стив Виткоф, американски пратеник за Блискиот Исток / Фото: EPA-EFE/SHAWN THEW

Виткоф: Не смееме да имаме уште една нова Северна Кореја на Блискиот Исток

Американскиот претставник Стив Виткоф изјави дека Вашингтон сè уште сака да постигне мировен договор во војната со Иран, но под услов Техеран да се откаже од збогатувањето на ураниум.

„Мислам дека претседателот Доналд Трамп сака мировен договор, но тој исто така верува во мир преку сила“, рече Виткоф, додавајќи дека без притисок, противникот не може да се доведе на преговарачката маса.

Тој нагласи дека САД се подготвени да го решат конфликтот дипломатски, но дека таков договор мора да го вклучи Иран без збогатување на ураниум, што е клучен процес за развој на нуклеарно оружје.

„Не смееме да имаме уште една Северна Кореја на Блискиот Исток. Тоа целосно би го дестабилизирало регионот и светот“, рече тој, објави Тајмс оф Израел.

Северна Кореја успешно тестираше нуклеарно оружје во 2006 година, а оттогаш редовно тестира ракети од различен дострел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот