Виткоф и Кушнер заедно во нова мировна офанзива – двоецот утре патува за Пакистан
Портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, сугерираше дека САД и Иран се поблиску до договор, но одби да открие детали на прашањето дали администрацијата на Доналд Трамп добила мировен предлог од иранските лидери.
Специјалниот пратеник на САД, Стив Виткоф, и зетот на претседателот Доналд Трамп, Џаред Кушнер, утре ќе отпатуваат за Пакистан за да ги рестартираат преговорите за завршување на војната со Иран, соопшти во петокот портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит.
Препорачано
Потпретседателот Џеј Ди Венс, кој им се придружи на Виткоф и на Кушнер во мировните разговори со иранските претставници претходно овој месец во Исламабад, нема да патува за Пакистан, но ќе биде спремен да се приклучи на преговорите доколку биде потребно.
– Стив и Џаред утре заминуваат за Пакистан за да ги сослушаат Иранците. Претседателот, потпретседателот и државниот секретар ќе чекаат новости овде во САД, а потпретседателот е подготвен да замине за Пакистан доколку процениме дека тоа е неопходно користење на неговото време – им рече Левит на новинарите во Белата куќа.
Левит сугерираше дека САД и Иран се поблиску до договор, но одби да открие детали на прашањето дали администрацијата на Трамп добила мировен предлог од иранските лидери.
– Секако видовме одреден напредок од иранската страна во последните неколку дена – изјави таа.
Иран не им наплаќа на руските бродови за да поминат низ Ормускиот Теснец
Иран се враќа на преговарачката маса во Исламабад по американското продолжување на блокадата и на примирјето.
Иако Белата куќа гледа напредок, Трамп рече дека не брза со крај на војната и дека е спремен да ги толерира високите цени на горивото за да го спречи иранското нуклеарно вооружување.
Додека министерот Хегсет се заканува со нови напади, тимот на Кушнер и на Виткоф се обидува да го постигне договорот што Венс не успеа да го донесе.
Израел: Чекаме зелено светло од САД и ќе го вратиме Иран во „камена доба“


