Иран не им наплаќа на руските бродови за да поминат низ Ормускиот Теснец
Техеран направи исклучоци за одредени земји, меѓу кои и Русија, во однос на наплатата за премин низ Ормускиот Теснец, изјави денеска иранскиот амбасадор во Москва.
Препорачано
Казем Џалали изјави дека Иран се обидува да примени исклучоци за „пријателски земји, како што е Русија“.
– Не знам што ќе се случи во иднина. Сепак, нашето Министерство за надворешни работи моментално се обидува да воведе вакви исклучоци за пријателски земји, како Русија – рече тој.
Техеран претходно ја заостри контролата врз најважната светска маршрута за транспорт на нафта, наредувајќи им на бродовите однапред да договорат плаќање со Иранската револуционерна гарда и да плаќаат во криптовалути или во кинески јуани.
Израел: Чекаме зелено светло од САД и ќе го вратиме Иран во „камена доба“
Иран потоа соопшти дека почнал да наплаќа такси за бродовите што минуваат низ овој стратешки морски коридор.
Пловидбата низ Ормускиот Теснец е сериозно нарушена откако започна војната меѓу САД и Израел против Иран на 28 февруари, што ги вознемири глобалните енергетски пазари и предизвика стравувања од долгорочна економска штета.
Во вторникот, американскиот претседател Доналд Трамп го продолжи примирјето со Иран по барање од Пакистан, наведувајќи дека ќе остане во сила додека Техеран не изнесе, како што рече, „обединет предлог“.
Хегсет до Иран: Откажете се од вашето нуклеарно оружје или гледајте како вашата земја се распаѓа


