Израел: Чекаме зелено светло од САД и ќе го вратиме Иран во „камена доба“
Израел е подготвен да ја обнови војната против Иран и да му нанесе катастрофални удари, изјави израелскиот министер за одбрана Израел Кац, нагласувајќи дека неговата земја чека „зелено светло“ од Вашингтон.
Препорачано
Кац истакна дека израелската војска чека одобрение од САД за продолжување на операциите, со цел да се заврши елиминацијата на раководството во Техеран, објави „Би-би-си“.
Министерот за одбрана на Израел се закани дека новите напади ќе бидат насочени кон енергетската и економската инфраструктура на Иран, со цел да се нанесе максимална штета.
„Овој пат нападот ќе биде различен и смртоносен, со разорни удари врз најранливите точки, што ќе ги потресат и срушат темелите“, рече Кац.
Тој додаде дека таквата операција би можела „да го врати Иран во камена доба“. Коментарите на Кац доаѓаат по претходните пораки од американскиот претседател Доналд Трамп, кој исто така се закани дека ќе го бомбардира Иран и ќе ја врати земјата „назад во камено доба“ ако не се согласи на договор за прекин на конфликтот.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
22мин
-
24мин
-
26мин
-
41мин
-
42мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


