Вистинско богатство: Рачно напишани стихови од Џими Хендрикс споени по 55 години

Џими Хендрикс
Мурал инспириран од Џими Хендрикс / Фото: EPA-EFE/EUGENE GARCIA

Две половини од рачно напишани стихови со потпис на легендарниот гитарист Џими Хендрикс беа споени 55 години подоцна, пишува „Guardian“.

Американскиот музичар бил во рана фаза од својата кариера кога неговиот бенд Jimi Hendrix Experience свирел во павилјонот „Beth“ на 20 февруари 1967 година.

Пред концертот, две девојчиња на возраст од 15 и 16 години дошле на вратата зад сцената за да побараат автограм. Хендрикс излегол, но им рекол дека нема празен лист хартија на која ќе им се потпише. Наместо тоа, искинал страница од тетратка, ја скинал на половина, а потоа ги потпишал двата дела.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jimi Hendrix (@jimihendrix)

На пат кон дома, тинејџерките ги погледнале потписите што ги добиле и биле изненадени кога виделе дека на другата страна од листот има рачно напишани стихови со наслов „51-st Anniversary“.

Свои потписи им дале и членовите на бендот, Мич Мичел и Ноел Рединг. Само три недели подоцна, оваа песна била објавена како Б-страна на неговиот втор хит-сингл, „Purple Haze“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jimi Hendrix (@jimihendrix)

Двете пријателки подоцна се оддалечиле бидејќи нивните животи тргнале во различни правци, а со нив и двата стиха. Но, минатата година едната од нив влегла во продавницата за рокенрол-сувенири „Tracks Limited“ во Ланкашир за да ѝ ги проценат трите автограми и ракописот.

На барање на продавницата, таа успеала да стапи во контакт со пријателката од тинејџерските денови, која, за среќа, сѐ уште го чувала својот автограм од Хендрикс. Двете жени, кои сакале да останат анонимни, прифатиле да ги продадат своите автограми за сума која се проценува дека е петцифрена.

Гитарата на Џими Хендрикс продадена на аукција за 216.000 долари

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот