Вистината за лососот: Има многу работи што веројатно не ги знаете за оваа риба

unsplash
Фото: Unsplash / Caroline Attwood

Ние јадеме многу риба, многу. Во 2018 година, Истражувачкиот центар на Европската комисија објави дека на глобално ниво, потрошувачката на риба е зголемена двојно повеќе во последните 50 години. Анализите заклучно со 2014 година, покажуваат дека годишно се јадело околу околу 20 килограми по глава на жител.

unsplash

А, кога станува збор за тоа каква риба најмногу се јаде, лососот е на врвот на листата. Според „Sea Grant Delaware“, лососот со години е во првите три омилени риби во светот. А има и добра причина за тоа. Не само што има еден тон различни начини на приготвување, добро е познато колкава нутритивна вредност има овој вид на риба. Добро е што веќе е многу лесно достапна, речиси во секој поголем маркет или рибарница можете да најдете свеж или замрзнат лосос.

Лососот е вид на риба што има огромно влијание врз околината и екосистемите, и тоа е фасцинанта работа. Оваа риба не само што е плен на голем број поголеми животни, туку кога ќе умрат во нивното природно живеалиште, тие стануваат исклучителна хранлива материја која се движи од океаните на земјата.

unsplash

Бидејќи науката е прилично интересна гранка, истражувачите успеале да ги пронајдат овие хранливи материи, кои имено можат да завршат во сè, од дрвја до мечките и птиците. Можеби има многу работи што не сте ги знаеле за оваа риба, затоа продолжете со читање.

Пацифичкиот лосос опфаќа низа популарни видови, вклучувајќи ги и омилените гурмански „chinook“ (крал) и „sockeye“, како и поевтината и подостапната сорта „coho“.

unsplash

Розовиот лосос е најпопуларниот избор за конзервирање, што го прави и најекономичен избор. Ова правило, сепак, не мора да важи за лососот со етикета „Атлантски лосос“. Иако веројатно ретко на кој тоа му е важно кога купува лосос, но добро е да се знае дека тоа е популарно име за одгледуван лосос.

Ако се сомневате во потеклото на лососот, не заборавајте да го прашате вашиот рибар во рибарница или маркет од каде точно доаѓа лососот што го купувате.

Лососот е корисен за убавината и здравјето

Лососот е супер храна и за кожата и за косата. Оваа риба е преполна со селен и помага природно за заштита на вашата коша од штетните сончеви зраци. Високите нивоа на омега-3 во лососот помагаат и вашата кожа да изгледа „помладешка“. Да не збориме за влијанието на омега-3 во намалување на ризикот од срцеви заболувања, борба против болката во зглобовите од артритис како и состојбите како депресија и астма.

unsplash

Лососот воедно има и антиинфламаторно дејство. Омега-3 може дури и да помогне во спречување на остеопороза. Истражувачите од Универзитетот во Охајо, забележале дека жените со повисоки концентрации на масна киселина во нивните тела, претрпувале помалку фрактури!

Лососот е многу важен за природата

Сите знаме дека лососот одлично влијае на нашето тело, но дали знаевте дека исто така е многу важен елемент за здравјето на дивиот свет и екосистемите? Гризли мечките на Алјаска и северозападните делови на Пацификот не само што се прехрануваат со лосос, туку и ги носат труповите од рибите до шумското дно, оставајќи зад себе вреден фосфор, јаглерод, сулфур и азот.

unsplash

Научниците дури пронашле азот кој потекнувал од лосос во лисјата на смреки што се наоѓаат на повеќе од 1600 метри од потоците каде гризли мечките ловат лосос.

Културно знаење на лососот

За племињата на домородните народи кои живеат во басенот Колумбија на северозападниот дел на Пацификот, лососот има многу поголема важност во нивната култура отколку само нутритивната вредност.

За овие луѓе, лососот е свет, не е одговорен само за нивното здравје, туку и нивната религија, култура, средства за живот и целото општество.

Според една племенска легенда, „Креаторот“ на првиот ден им дал на луѓето дарови од лосос и вода. Лососот продолжува да игра централна улога во верските и културните церемонии и прослави на овие народи.

unsplash

Кога 60-тите години на минатиот век донеле нагло опаѓање на ловот на лосос, овие племиња се спротиставиле на прекумерниот риболов и загадување испраќајќи многу млади луѓе од нивните племиња да студираат инженерство за животна средина, биологија на риби и право. Со цел да продолжат да го чуваат својот традиционален начин на живот.

Како да изберете добар свеж лосос

Нареден пат кога ќе сакате да купите лосос од вашата рибарница или пултот за свежи морски плодови во некој маркет, треба да знаете што барате.

unsplash

Па, како да знаете дека го бирате најсвежиот и најдобриот лосос? Прво нешто што треба да внимавате е да нема некаква течност околу рибите. Воопшто не треба да мириса на риба и наместо тоа, лососот треба да „испушта“ благ, скоро сладок мирис. Рибата треба да биде сјајна, без темни тамки или „сомнителна“ боја околу рабовите. Очите на рибата треба да бидат чисти, а жабрите светло црвени.

И, за да го задржите лососот свеж, тој треба да биде вашата последна „станица“ пред да си одите дома и по можност да го приготвите истиот ден.

unsplash

Многу е важно да правите разлика меѓу одгледуван лосос и див. Тоа прашање ќе ви го одговори и самата цена. Одгледуваниот лосос сигурно е поефтин, но дивиот ќе ви донесе многу повеќе, не само во вкусот туку и во хранливите материи. Дивиот лосос содржи поголемо количество на калиум, цинк, железо и калциум, но доаѓа со помалку маснотии и калории од одгледуваниот.

unsplash

Но како и да е, секако дека и двата видови лосос содржат високо ниво на здрави нутритивни вредности за срцето и мозокот. Нема да погрешите затоа што и дивиот и одгледуваниот лосост се здрав избор!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот