Висок пораз на јуниорите од Исланд, Македонија ќе се бори за пласман од 9 до 16 место

фото: kfsm.mk

Македонската јуниорска кошаркарска репрезентација претрпе нов пораз на Европското првенство дивизија „Б“ во Матошинос, Португалија. Нашите јуниори имаа релативно изедначено прво полувреме против Исланд, но одиграа послабо во вториот дел и на крајот загубија убедливо со 92:59.

Имавме добри моменти во првото полувреме во кое противникот водеше, и тоа постојано. Имаше и двоцифрен плус, но на крајот од втората четвртина намаливме на достижни 32:36. Но, следуваше голем пад во играта, лоша трета четвртина, по која јуниорската селекција на Исланд водеше со 62:41.

Во далеку од идеалното офанзивно издание, како она пред неполни 24.часа, на средбата со Норвешка, Марко Луканоски запиша 13 поени, имаше и шест скока. Јакимовски постигна 11 поени (пет скока), а Шошкиќ и Величковски постигнаа по осум поени.

Со скор од една победа и три порази, завршуваме на четвртатат позиција во групата „А“, од која селекциите на Австрија и на Велика Британија одат во четвртфиналето.

По ден пауза, на 28 јули (петок), нашата репрезентација ќе ги почне натпреварите за пласман од 9 до 16 позиција на ЕП. За противник ја имаме третопласираната селекција од групата „Б“, Унгарија.

ЕП – „ПОД 18“-MAЖИ-ДИВИЗИЈА „Б“- МАТОШИНОС 2023

ГРУПА „А“
РЕЗУЛТАТИ 5. КОЛО

Норвешка – Велика Британија 73:84
Исланд – МАКЕДОНИЈА 92:59
Австрија – слободна

ТАБЕЛА

1.Велика Британија 4 4 0 324:273 8 бодови
2.Австрија 4 3 1 320:289 7
3.Исланд 4 2 2 311:292 6
4.МАКЕДОНИЈА 4 1 3 301:333 5
5.Норвешка 4 0 4 291:360 4

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот