Висок француски офицер е осомничен за соработка со руски служби

Француската министерка за одбрана Флоренс Парли денеска изјави дека висок француски воен офицер е под истрага за „сериозно нарушување на безбедноста“.

Радио Европа 1 известува дека офицерот, кој бил распореден во базата на НАТО во Италија, е осомничен за шпионажа бидејќи наводно им пренесувал „исклучително чувствителни“ информации на руските тајни служби.

Министерката на радио изјави дека е поведена правна постапка и дека француската армија ги презела сите „неопходни мерки за заштита“ по инцидентот.

Француското Министерство за одбрана не го откри идентитетот на офицерот и нема коментари ниту од НАТО ниту од канцеларијата на јавниот обвинител на Париз.

Офицерот бил уапсен пред десет дена додека се подготвувал да се врати во Италија по одморот поминат во Франција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот