Виолинистот Груби разочаран: Со две илјади евра уметност не бива

Виолинистот Блерим Груби повеќе од две децении се занимава со класична музика. Последните две години како и годинава, сакаше да го реализира фестивалот „Камерфест“ кој предвидуваше 8 концерти.

Токму за проектот „Камерфест“ тој побарал два милиони денари од Министерството за култура. но од таму доделиле околу две илјади евра.

Разочаран, Груби вели дека оваа сума е навредлива.

Кога видовме дека доделената сума е смешна, ниту две илјади евра бев навреден во однос на поддршката од страна на Министерството за култура. Со средствата се предвидени 2 милиони денари, а издвоени се само 120 илјади денари“, истакна Блерим Груби за Утрински брифинг на „Слободна ТВ“. Тој вели дека доделените средства ги вратил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот