Виљареал е новиот фудбалски хит во Шпанија! (ВИДЕО)

Фото: твитер

„Жолтата подморница“ продолжува со одличните партии на почетокот од сезоната во најсилната „Ла Лига“. Виљареал денеска во рамките од шестото коло во најдоброто шпанско првенство на домашен терен беше подобар од составот на Валенсија со резултат 2:1.

Уште во петтата минута беше досуден пенал за домаќините, прецизен од белата точка беше Пако Алкасер.

Гостите успеаја да стигнат до израмнување во 37 минута кога Гонсало Гуедеш со одличен удар од работ на казнетиот простор го совлада немоќниот Асенхо.

Дека животот пишува романи можевме да видиме во 69 минута, Валенсија практично го „избркаа“ својот досегашен играч Даниел Парехо во летниот период, а сега тој им пресуди со преубав удар од 20 метри го постави конечниот епилог.

Моментно на првото место во генералниот пласман води Виљареал со 11 бодови, еден повеќе од Реал Мадрид, Хетафе, Кадиз и Гранада кои имаат по 10, додека Валенсија е на 12 место со седум бодови.

Еибар и Осасуна одиграа без голови во текот на неделната програма, а македонскиот репрезентативец Енис Барди одигра 82 минути за Леванте во гостинскиот пораз од Атлетик Билбао (2:0).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот