Вил Смит: Гледав како ми исчезнуваат парите, куќата, кариерата…

вил смит
Вил Смит / Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER

Актерот Вил Смит гостуваше во шоуто на „Netflix“ насловено „My Next Guest Needs No Introduction“, чиј водител е единствениот Дејвид Летерман. Интервјуто е снимено пред инцидентот на доделувањето на Оскарите. Смит го раскажа своето искуство со ајахуаска.

„Сè може да исчезне во секунда“

Летерман спомна анегдота од книгата на Смит во која тој го опишува интервјуто со Џејмс Њутон Хауард, кој работел на музиката за филмот „I Am a Legend“.

Во интервјуто, Летерман спомна дека филмот заработил 77 милиони долари на првиот викенд од прикажувањето, на што Смит одговори: „Се прашувам што можевме да направиме за да заработиме 80 милиони долари“.

„Токму во тој момент почнав да сфаќам дека тоа е суптилна болест. Кога ќе се фокусирате на материјалниот успех, ништо не е доволно“, коментира Смит. „Не разговарав со никого 14 дена. Тоа ми помогна да разберам какво лудило се случува во мојата глава. Бев на врвот на материјалното богатство. Мислам дека природата на човештвото е да сфати дека материјалниот свет не е доволен за да ја одржиме нашата среќа“, додаде тој.

„Невозможно е да го заштитите вашето семејство. Тоа е илузија. Безбедноста е илузија. Мораме да научиме да живееме со сознанието дека сè може да исчезне во секунда. Ако го сфатиш тоа, како можеш да бидеш среќен?“, изјави Смит.

„Гледав како ми исчезнуваат парите, куќата и кариерата“

Актерот откри дека го консумирал мистичниот пијалак на амазонските шамани – ајахуаска 14 пати за неколку години, бил поттикнат од сознанието дека ништо надвор од самиот него нема да го направи среќен, па отишол на духовно патување. Тој вели дека ајахуаска му ја предложил пријател и дека бил исплашил пред да го проба, но претходно долго истражувал за тој психоделик.

„Не е дека халуцинирате. Двете реалности се сто проценти реални. Знаете дека седите во соба, знаете што гледате. Не е дека нешто доаѓа наместо реалноста, туку двете искуства се сосема одвоени. Постои она што се случува во вашата глава и она што се случува во собата. Но, штом ќе го испиете, се гледате себеси на начини на кои никогаш претходно не сте виделе“, откри актерот.

вил смит
Вил Смит / Фото: EPA-EFE/Tamas Kovacs HUNGARY OUT

Вил го опиша едното искуство како „најпеколното психичко искуство во животот“.

„Одеднаш почнав да гледам сцена во која ми исчезнуваат сите пари, мојата куќа исчезнува, немам кариера. А јас се обидувам да ги дофатам парите и мојата кариера, но целиот живот ми пропаѓа“, го опиша Смит своето искуство.

вил смит
Семејството Смит / Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER

„Тогаш слушнав глас кој вели: „Тоа е е*ениот живот“. И ја слушам Вилоу како вика: „Тато, помогни ми. Тато! Зошто не ми помагаш?“. А јас ѝ велам дека не ја гледам“, рече тој, додавајќи дека во тој момент шаманот го фатил за рамо и му рекол да се опушти. „Во тој момент, само сакав да стигнам до Вилоу. Престанав да се грижам и за домот и за кариерата“, рече Смит додавајќи дека дека ова искуство го научило дека може да поднесе каква било загуба во животот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот