Виктор Мизо - асоцијација на странски компании / Фото: ''Слободен печат'' - Драган Митрески

Виктор Мизо: Сè уште не знаеме која ќе биде минималната плата, добро би било државата да помогне со придонесите

На три недели пред конечното усвојување на новата минимална плата, компаниите не знаат колкава ќе биде таа, а нивните буџети се скроени и усвоени, уште лани во септември-октомври, предупреди Виктор Мизо, претседател на Советот на странски инвеститори. Инаку, 49 од компаниите со странски капитал користат државна помош или аплицирале за неа, а 39 отсто од нив се пожалиле дека се соочиле со доцнење на овие средства, покажа најновата Анкета за бизнис климата и инвестициските можности во Македонија.

-Нашите планови се готови, буџетите се усвоени, а се уште не се знае дали новиот минималец ќе биде 24.400 денари или членките на Економско-социјалниот совет ќе се договорат да биде повисок. Засега не сме разговарале со државата дали и какви мерки би можела да понуди како помош на компаниите, но законски не е можно таа да биде селективна, односно да биде насочена само кон одредени производствени сектори. Но би било добро да речеме ако Владата се сложи да партиципира во делот на придонесите, доколку има повисок минималец – објасни Мизо.

Инаку, 93 отсто од компаниите со странски капитал, лани во просек ги зголемиле платите за 11 отсто, а 58 од нив се изјасниле дека го сториле тоа поради зголемената инфлација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот