Викендов завршница на 16. меморијален фудбалски турнир „Љубомир Рајчевски – Рајче“

Завршницата на 16-тиот Меморијален турнир во мал фудбал „Љубомир Рајчевски-Рајче“ ќе биде в недела на 14. август со одигрување на големото финале, по што ќе бидат бидат прогласени победниците и ќе бидат доделени наградите на шестнаесетиот по ред Меморијален турнир во мал фудбал „Љубомир Рајчевски – Рајче“ кој започна на 15 јули.

Турнирот е во организација на општината Чучер Сандево и натпреварите се играат во село Глуво во чест на долгогодишниот фудбалер на ФК Вардар, Љубомир Рајчевски – Рајче.

Настанот е под генерално покровителство токму на општината Чучер Сандево, како и од граѓаните на село Глуво.

Покрај спортскиот, оваа манифестација традиционално има и културно-естраден карактер и се очекува да настапат познати естрадни ѕвезди од регионот.

Годинава по завршувањето на спортскиот дел на финалната вечер, спеицијална ќе биде српската и регионална фолк ѕвезда, атактивната пејачка Тијана Милентијевиќ попозната како „Жена од султана“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот