Џејмс Милнер/EPA-EFE/ISABEL INFANTES

Викендов во Англија може да биде израмнет еден од најголемите рекорди во историјата на Премиер лигата

Викендот кој следи во Премиер лигата може да биде и исторски бидејќи Џејмс Милнер е на чекор да израмни голем рекорд.

Доколку ветеранот настапи во дресот на Брајтон на дуелот против Кристал палас, тој ќе го одигра својот 653. натпревар во англиската елита и ќе се израмни со рекордот на легендарниот Герет Бери.

Со 40 години и повеќе од две децении континуиран настап во најсилното првенство во светот, Милнер е вистински пример за професионализам и долговечност.

Својот дебитантски настап во Премиер лигата го забележа како тинејџер во дресот на Лидс, а во историјата влезе кога со 16 години и 352 дена стана најмладиот стрелец во лигата, постигнувајќи гол против Сандерленд. Во текот на богатата кариера настапуваше и за Свиндон Таун, Њукасл и Астон вила, пред да ја има најуспешната фаза во Манчестер сити.

Посебно место, сепак, зазема и периодот минат во Ливерпул, каде што Милнер го освои трофејот во Лигата на шампионите, како и титулата англиски шампион, дополнително зацврстувајќи го својот статус на еден од најголемитее фудбалери во историјата на Премиер лигата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот