Викендов снег, од понеделник студот ќе „стегне“ до минус 15 степени

Фото: МИА

Врнежи од снег се очекуваат утре и во недела претпадне на локално ниво. Од понеделник времето ќе биде стабилно со појава на магла по котлините и со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни и наместа ќе се спуштаат и под -15 степени.

УХМР за утре прогнозира облачно и студено време со врнежи претежно од снег. Врнежите наместа ќе бидат пообилни, особено во западните делови. На планините ќе се формира значителна снежна покривка, над 30 сантиметри, а во пониските места од 3 до 10 сантиметри. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено долж Повардарието и температурите значително ќе опаднат, а ќе има и појава на голомразица. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 5, а максималната ќе достигне од 1 до 8 степени.

Во Скопје утре ќе биде облачно и студено со врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне 3 степени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот