Викендов привремен сообраќаен режим во Скопје

Град Скопје информира дека утре, од 19 до 24 часот, ќе биде затворен за сообраќај дел од булеварот „Партизански одреди”, на потегот од вкрстувањето со улицата „Франклин Рузвелт” до вкрстувањето со улицата „Костурски херои” и тоа само во насока од Ѓорче Петров кон центарот поради одржувањето на манифестацијата „Бела ноќ”.

В недела, од 7:30 до 11:30 часот, за сообраќај ќе бидат затворени повеќе сообраќајници во градот поради одржувањето на трката „Скопје трча 10 км”. Во овој период за сообраќај целосно ќе бидат затворени делниците: булевар „Илинден” во двете насоки, од крстосницата со булеварот „Свети Климент Охридски” до улицата „Никола Парапунов”, улица „Никола Парапунов” – од булеварот „Илинден” до булеварот „Партизански одреди” и булевар „Партизански одреди” во правец кон Ѓорче Петров, од крстосницата со улицата „Љубљанска” до улицата „Ангел Динев” – мост „Влајко”.

Во истиот период привремено ќе бидат затворени и булеварот „8.Септември”, од крстосницата со булеварот „Партизански одреди” до улицата „Скупи” ( кај Хубо маркет) и улицата „Бледски договор”.

Градските власти апелираат граѓаните да се придржуваат на привремено воведениот режим на сообраќај, да ја почитуваат поставената патна сигнализација и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот