Викенд детоксикација со помош на 3 напитоци: Исчистете го телото од калоричните празнични оброци!

Фото: Профимедиа

После масните, тешки и многу калорични празнични специјалитети, на телото му е потребен одмор и прочистување. Овој план за детоксикација може да се примени за време на викендот, но потребно е да вклучите и дел од петокот. Овој план за детоксикација се состои од три многу важни напитоци за детоксикација: зеленчукова супа, сок од портокал и фрапе од портокал.

Во петок после ручекот не планирајте да јадете ништо повеќе, а потребно е да внесете најмалку 2,5 литри вода, билни чаеви без шеќер или посна зеленчукова супа. Нека тоа биде вашето мени за тоа попладне.

Во сабота и недела планот за исхрана се состои само од зеленчукова супа. Супа која е посна, без никакви месни додатоци и во која ќе додадете, спанаќ, брокула, карфиол, моркови во големи количини. Супата може да содржи и магдонос, тиквичка, зелка, целер се што ви се допаѓа на вас…Во супата не треба да додавате тестенини.

Фото: Профимедиа

Веднаш по будењето потребно е во организмот да започнете да внесувате големи количини на течности, вода или чаеви без шеќер. Потоа во остатокот од двата дена се консумира само зеленчуковата супа која ќе ја направите по ваш вкус, кога и да почувствувате глад, ја консумирате само неа. Потребно е да изедете минумим 6 чинии зеленчукова супа во сабота и исто толку во недела.

Во детоксикацијата ќе ви помогнат и овие два сосема природни напитоци од портокал, кои ќе го забрзаат прочистувањето.

Портокалот, кој е богат со витамин Ц, го забрзува варењето на храната и помага да се исфрлат вишокот калории. Следниве 2 напитоци кои содржат портокал ќе придонесат во таа цел.

Сок од портокал со лимон и мед

Фото: Профимедиа

– 4 цедени портокали

– 1 лажица сок од лимон

– 1 лажица мед

– половина литар вода

Фрапе од портокал

Фото: Профимедиа

 

– 2 цедени портокали

– 200мл никомасен јогурт

– 1 банана

– 1 лажица сок од лимон

– 1 лажица мед

Во понеделникот наутро, денот започнете го со полесна храна, како овошје и продолжете со внесувањето на зголемена количина на течности. Потоа постепено враќајте се на вашите оброци, со совет да избирате поздрава и поизбалансирана исхрана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот