ВИДЕО:Топлото време ги вжешти линиите во Итната медицинска помош

Топлото време и високите температури кои ја зафатија Македонија во изминативе денови предизвикаа колапси кај граѓаните, но најмногу кај недисциплинираните кои не се придржуваат на препораките на лекарите, рече денеска во Утрински брифинг, др. Маргарета Атанасовска Трипуновска, шеф на смена во Итната медицинска помош.

– Имаме зголемен број на повици, пред се поради колапси. На високите температури треба да внимаваат сите, без разлика на возраста и здравствената состојба. И младите и навидум здравите можат да добијат топлотен удар ако се изложуваат на сонце во периодот од 11 до 17 часот, не се хидрираат доволно и не носат лесна облека и заштита на главата, предупредува д-р. Трипуновска.

Таа вели дека обемот на работа не е зголемен во ИТМ, туку повиците се поради различна симптоматологија.

-Ако до неодамна најмногу повици добивавме од ковид пациенти, сега веќе две недели немаме такви повици. Затоа и успеваме да пратиме екипа скоро за сите пациенти. Сепак, морам да нагласам дека лекарите кои ги добиваат повиците прават проценка на состојбата и според тоа утврдуваат дали е потребно да се прати екипа и возило, вели доктор Маргарета.

Таа апелира да престанат невкусните шеги со јавување на 194 и барање помош за непостоечка состојба.

-Многу пати сме апелирале, постојано укажуваме дека таквите невкусни шега можат да значат живот за некој друг кому навистина му е потребна нашата помош, но сепак недоличното однесување продолжува, вели д-р Трипуновска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот