фото: Слободен печат

ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Стружанец изработува маски од соништата за Вевчанскиот карневал

Сокриен зад убавата Јабланица, со спокоен живот во с.Октиси, тој ја покажува својата дарба само еднаш во годината преку фасцинантнита изработка на маски по повод Василица. Затворен зад магацинските врати на една струшка компанија со неговата извонредна краетивност, 26-годишниот Ненад Влаќески не е уметник по вокација, но има талент да создава вонсерсиски изработки на симболични креации.

Го запознавме лани на Вевчанскиот карневал, кога како со магнет нè привлече со групната маска „Чудовишта од подземјето“, детално изделкан лик со екпресија на лицето, прецизно извајана целокупа слика на праисториски суштества со сегменти навидум неспоиви, а во целокупна хармонија. Оваа година се сретнавме пак, веднаш препознав дека зад совршената креација се крие тој.

Вевчански карневал / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Овојпат во облик на „Чудни морнари“, почудни и не можат да бидат. Лик со реалистични црти кој не ве остава рамнодушни, маска чиниш ќе ти проговори на некој древен далечен јазик.

– Мојата пасија за маските доаѓа природно од поднебјето во коешто живеам. Од дете секогаш маскирани за Василица прво во нашето село, а потоа одевме во Вевчани. Моите родители ми ја всадиле љубовта кон оваа традиција. Во последните неколку години маските ги подготвувам долго, со месеци, сакам да бидеме поинакви, уникатни, да останеме запаметени – вели Влаќески.

Вевчански карневал/ Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Од 2019 година тој ги изработува маските сам, ги длаби, ги сече, ги резба, ги лепи… Вели дека купува издржливи материјали од кои го создава тоа што го замислил, надополнува со материјали од природата за да се добие совршената слика.

Ненад Влаќески - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Ненад Влаќески – Фото Слободен печат – Методи Здравев

Влаќески досега не изработил маска со политичка конотација, но не ја исклучува и таа можност за во иднина.

– Има денови кога не спијам и постојано размислувам за деловите како ќе изгледа маската. Не можам да го опишам тоа чувство. Јас не ги гледам идеите од никаде, не ја добивам инспирацијата од некоја апликација, едноставно постои само во мојата имагинација – рече нашиот соговорник.

Ненад Влаќески - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Ненад Влаќески – Фото Слободен печат – Методи Здравев

Погледнете го целиот разговор на јутјуб-каналот на „Слободен печат“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот