Ангела Бикова-модна дизајнерка / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Бикова: Како користената облека станува препознатлив бренд

Ангела Бикова од Скопје е моден дизајнер и текстилен инженер, кој стои зад брендот „Upcycled by Bikova“.
Станува збор за македонски современ бренд, кој се фокусира на трансформирање стара облека и материјали во нови, уникатни модни парчиња.

Искуството во сферата на модниот дизајн го почнува по завршување на студиите на Технолошко-металуршкиот факултет и едногодишен курс кај познатиот македонски моден дизајнер Изет Цури, во неговиот интернационален институт за мода.

Ангела Бикова – моден дизајнер фото : принтскрин

Потоа се вработува во ателјето на Тања Кокев, каде што навлегува во работење со чипки, поскапи материјали и рачно везење. Тука ѝ се јавува и потребата за рециклирање на веќе користена облека. Сепак, нејзина прва љубов не била сегашната професија.

– Модата ме влечеше уште од мала, но имаше некои моменти дали да одам на психологија или на медицина. Изборот помеѓу медицина и мода беше најмногу поради тоа што мајка ми е докторка, а страната на татко ми е уметничка. И доста размислував по кој пат да продолжам, ама уште од мала графиките на дедо ми ми беа сон – вели Бикова.

Ангела Бикова-модна дизајнерка / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Таа се образува во областа на текстилното инженерство, што ѝ дава посебен пристап при креирањето. Ни објасни дека облеката не ја гледа како естетика, форма и боја, туку како материјал, текстура, функција и процес.

Ова може да се види и на нејзината прва студентска ревија.

– Апсајклинг“ или реупотребување на материјал или на готово парче облека значи преработка на стара облека во нова, давање нов живот, без разлика дали е мала преправка, од мал вез некаде на маичката или, пак, тотално реупотребување на едно парче од здолниште во корсет, на пример, и слично – вели таа.

Ангела Бикова – моден дизајнер фото : принтскрин

Преработката на стар текстил во ново парче значи дека не се користи нов текстил, што значи помало загадување.

– Примерот на преработка на стар текстил во ново парче, односно старо парче во ново парче, е многу битно затоа што не употребуваме нов текстил, не ја загадуваме дополнително животната средина, поради тоа што текстилното производство е еден од главните загадувачи – вели Бикова.

Ангела Бикова – моден дизајнер фото : принтскрин

Според неа, не треба само да мислиме што носиме, туку од каде произлегува производот и од каков материјал е направен, бидејќи масовното производство на облека е меѓу најголемите загадувачи по нафтената индустрија.

– Облеката што стигнува во „fast fashion“, или брза мода што ја купуваме по продавниците, воопшто не е чиста, полна е со пластика, со микропластика што понатаму лошо влијае и врз нашето тело и врз здравјето. Новите генерации бараат мода што е и одговорна, а не само убава. Многу брендови тврдат дека се „одржливи“, но прашање е колку од тие тврдења се вистински – додава таа, со надеж дека свеста за купување и реупотребување на облеката ќе им ги отвори очите на поновите генерации да направат разлика за подобро општество.

Ангела Бикова-модна дизајнерка / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот