ВИДЕО+ФОТО | Вилијам Шaтнер се расплака – Земјата е животот, а Вселената е смртта

вилијам шетнер
Фото: ЕPA

Какво е чувството да се полета и „види“ вселената? Какво е чувството кога повторно ќе стапнете на планетата Земја по таков лет? Вилијам Шатнер го оствари летот на „Blue Shepard“ на 13 октомври и со тоа стана најстариот човек кој отишол во вселената. А веднаш по летот – се расплака.

Слетувањето на 90-годишниот Вилијам Шaтнер беше пречекан од Џеф Безос со шише шампањско, но беше толку обземен со силни емоции што единтвено успеваше да го сподели неверојатното искуство кое тој го опиша како „смрт“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by William Shatner (@williamshatner)

Актерот кој со декади го глумеше Капетан Џејмс Т. Кирк во „Ѕвездени Патеки“, и е всушност пасиониран истражувач на вселенски и екстратерестријални приказни во својот серијал „Unexplained“, делува дека ја достигна својата мисија во живот.

вилијам шетнер џеф безос
Фото: Џеф Безос го пречекува Вилијам Шетнер / Извор: EPA-EFE/BLUE ORIGIN

Шатнер беше еден од членовите на екипажот во ракетата „New Shepard“ на „Blue Origin“ на Џеф Безос, која полета во 10:49 наутро во по источно време, леташе 100 илјади метри над Земјата и по 11 минутен лет се врати на наше тло.

Патниците искусиле неколку минути безтежинска состојба и ја имале ексклузивната можност да го погледнат закривениот раб на Земјата пред да се упатат назад, а искуството го обзема Шатнер со емоции кои ги сподели со Џеф Безос низ солзи.

„Ова што ми го овозможи е најсуштинско искуство. Јас сум толку преплавен со емоции за ова што сега се случи. Неверојатно е. Се надевам дека никогаш нема да се опоравам од ова. Се надевам дека можам да го одржам ова што го чувствувам сега. Не сакам да го изгубам“, му кажа емотивниот Шатнер на Безос.

џеф безос вилијам шетнер
Фото: Вилијам Шетнер и Џеф Безос / Избор: EPA-EFE/BLUE ORIGIN

Шетнер раскажува сиот обземен од убавината на Земјата и преминот кон темнината во Вселената.

„Погледни ја убавината на таа боја. И тоа е толку тенка. И тоа го поминуваш толку брзо. Одеднаш, го поминуваш синото, и влегуваш во црно. Гледаш во црнило, во црна грдост. И погледнуваш долу – го има синото таму долу и црното таму горе. Таму е Мајката Земја и комфортот, и таму е – дали тоа таму е смртта? Не знам. Дали тоа е смртта? Дали тоа е како изгледа смртта? Тоа беше толку занесно, ова искуство“, го раскажува Шатнер неговото искуство на „ефектот на прегледот“.

Вилијам Шетнер
Фото: Вилијам Шетнер полетува во вселената / Извор: EPA-EFE/BLUE ORIGIN

Во еден момент од раскажувањето Шатнер се тргнува на страна и ги брише солзите од своето лице.

„Тоа е толку многу поголемо од мене и животот. Нема никаква врска со малите зелени човечиња… Има со големината и од брзината и од одеднашноста на животот и смртта“

вилијам шетнер
Фото: EPA-EFE/BLUE ORIGIN

Екипажот покрај Шатнер се состоеше од поранешниот инженер на НАСА Крис Бошуизен, претприемачот за здравство Глен де Врис и потпретседателот на мисијата и операцијата на летот, Одри Пауерс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот