ВИДЕОАНКЕТА | Што прославуваат Македонците, Свети Трифун или Свети Валентин?
Според православниот календар, 14 февруари – празникот Свети Трифун се прославува како ден на виното и лозјето, додека пак кај католиците на овој ден се слави љубовта преку светецот Валентин (Свети Валентин).
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Но, кој празник го слават Македонците? Дали се држат до православната традиција и го прославуваат денот на виното и лозјето и неговото традиционално кастрење за бериќетна и плодна година? Или пак ја слават љубовта, купувајќи подароци, накит, букети и слично. „Слободен печат“ спроведе анкета во која граѓаните кажаа како ќе го прослават 14 февруари.
Мислењата на граѓаните беа поделени. Дел од нив одлучиле да го прослават Денот на виното, Друг дел денот на љубовта, а голем дел од нив рекоа дека нема да прославуваат ниту еден од нив.
-Ќе го славам Свети Трифун, бидејќи немам со кого да го прославам Свети Валентин. Вечерта ќе одиме со другарки во вино бар – рече една девојка.
Мнозинството од анкетираните, одговорија дека нема да слават ниту еден од празниците.
– Потекнувам од свештеничко семејство, но никогаш не сме ги прославувале овие празници. Имав и дедо владика дури, ама никогаш не славеле некој таков празник. А Свети Валентин? Воопшто не – изјави една од анкетираните.


