Фото: Слободен печат / скриншот

ВИДЕОАНКЕТА: Колку граѓаните ги користат „брзите кредити“?

„Брзите кредити“ нудат лесен и брз пристап до пари во итни ситуации. Сепак, трошокот е значително повисок од која било друга форма на позајмување пари – брзите кредити имаат екстремно високи каматни стапки и дополнителни трошоци.

Ги прашавме граѓаните дали некогаш зеле брз кредит, какво било нивното искуство и дали познаваат некој близок што користел ваков вид финансиска услуга, како и дали сметаат дека каматите се превисоки.

Мислењата на граѓаните главно се негативни. Повеќето од анкетираните велат дека никогаш не зеле брз кредит.

„Никогаш досега во животот, а и не би зела“, вели една госпоѓа.

„Знам што е, но никогаш не би зел затоа што е измама“, додава друг господин.

Еден господин додаде дека при земање кредит, често има скриени трошоци и високи камати:

„Ќе земеш четири илјади, а има скриени трошоци со ситни букви. Каматите одат и до 40 проценти, а не од 3 до 5.“

Друг анкетиран смета дека е потребна државна регулација:

„Државата треба да го регулира тоа, каматите се многу високи. Населението има потреба, но мора да има контрола.“

„Тоа е лихварско задолжување. Лесно може да се заглави“, додаде една госпоѓа.

„Ќерка ми зеде брз кредит – каматите се големи“, вели еден родител.

Со скепса, дел од граѓаните заклучуваат: „Сè што е брзо – кратко трае. Тоа не е долгорочно решение.“

Други велат дека немаат конкретни искуства:

„Никој не ми се пожалил, ниту позитивно ниту негативно.“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот