Фото: FK Crvena Zvezda

ВИДЕО: Звезда ја чека тешка задача за место во ЛШ, Пафос се радуваше во Белград

Фудбалерите на Црвена Звезда вечерва беа поразени во првиот натпревар од плеј-офот во Лигата на шампионие против кипарски Пафос со 1-2, иако белградскиот гигант беше подобриот тим на теренот.

Вистинки шок за домашниот  состав стигна по само 38 секунди игра кога погоди Кореиа по асистенцијата од Танковиќ.

Звезда веднаш по примениот погодок тргна по израмнување, но место тоа мрежата на домаќините се тресше и во 29. минута, но тој гол на Бруно беше поништен поради играње со рака.

Со предност од еден гол кипарскиот состав замина на паузата, а по седум минути игра во второто полувреме стигна нов студен туш за српскиот шампион. Пафос доби пенал, а реализатор на најстрогата казна беше Пепе.

Пенал доби и ѕвезда во 58-та минута, Дуарте не реализираше, но се поправи и одбиената топка ја смести во мрежата. До крајот Пафос се бранеше Звезда напаѓаше, но не успеа да дојде до гол за реми пред реваншот.

Во преостанатите два натпревари Клуб Бриж славеше над Ренџерс со 1-3, а со истиот резултат и Карабах го доби Ференцварош во Унгарија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот