ВИДЕО | Звезда има за што да жали: Жажа со лоб во 90. минута го одведе Пафос за првпат во ЛШ
Фудбалерите на Црвена Звезда беа блиску да изборат продолженија во битката за место во лигашката фаза од Лигата на шампионите, но Пафос успеа да обезбеди место за првпат во својата историја откако одиграа 1-1 во Кипар.
Препорачано
Кипарскиот тим кој е основан пред само 11 години во Белград славеше победа од 2-1, а вечерва Звезда во Кипар одигра добар натпревар и на истекот на еден час игра Иваниќ го отвори резултатот со што беше надополнета негативата од првиот натпревар.
Водството Звезда го имаше се до 90-тата минута кога Жажа го лобуваше чуварот на мрежата на белградскиот гигант и го постигна најважниот гол во историјата на овој клуб кој значеше место во фудбалската елита.
Звезда пак со овој пораз ќе ја продолжи сезоната во Лигата на Европа.
Jajá | 🇪🇺 Pafos 1-1 Crvena zvezda
Agg: 3-2pic.twitter.com/q8OmyoyJqU
— Goals Xtra (@GoalsXtra) August 26, 2025
Во вториот натпревар Штурм го победи Бодо со 2-1, но тоа не беше доволно затоа што Бодо во првиот натпревар на свој терен победи 5-0. Претходно денеска изненадување приреди Кајрат кој по изведувањето на пенали го елиминираше шкотскиот гигант Селтик.
ВИДЕО | Сензација во плеј-офот: Кајрат од Казахстан ќе игра во Лига на шампионите


