ВИДЕО | Зошто одмазничките песни на Шакира и Мајли Сајрус кренаа толку голема прашина?

Мајли Сајрус и Лиам Хемсворт/Селена Гомез и Џастин Бибер/Шакира и Жерар Пике/Фото: Профимедиа/ Инстаграм

За жал, иако повеќето од нас веќе се обиделе, едноставно не можеме да му наплатиме некому за нашето скршено срце и да продолжиме понатаму во рок од неколку недели. Или да добиеме уште само пет минути со него за му да кажеме сѐ што ни лежи на душа.

Но, затоа пак, светските пејачки Шакира и Мајли Сајрус ја имаат можноста тагата и бесот од пропаднатите љубови да ја преточат во песни за кои цел свет зборува.

Деновиве, најголемо внимание на светските медиуми привлекоа овие две пејачки кои пеат за својот приватен живот и снимија „одмазднички песни“ за своите поранешни партнери.

Шакира оваа недела се врати на врвот на топ листите со нова песна која се однесува на нејзиниот поранешен сопруг Жерар Пике. Двојката беше заедно 12 години и имаат две деца. Сега Пике има нова девојка, 23-годишната Клара Чиа Марти. Мајли, пак, симболично на денот на роденденот на нејзиниот поранешен сопруг Лиам Хемсворт, ја објави песната „Flowers“. Актерот во 2019 година поднесе барање за развод од Мајли.

Шакира – „Shakira: Bzrp Music Sessions, Vol. 53“

Поп песната „Shakira: Bzrp Music Sessions, Vol. 53“ на Шакира собори рекорди на Јутјуб, а досега ја слушале повеќе од 130 милиони луѓе. Имено, Шакира во оваа песна брутално го прозива Пике, а некои од стиховите се: „Бев преголем залак за тебе и затоа си со една иста како тебе“, „Ми остави свекрва за комшивка, новинари на врата и даночен долг“, „Замени ферари за [рено] твинго/ролекс за касио“…

Мајли Сајрус – „Flowers“

Само еден ден по песната на Шакира, Мајли Сајрус ја објави „Flowers“. На самиот почеток, Мајли пее дека „изградиле дом и го гледале како гори“, алудирајќи на домот вреден 2,5 милиони долари што го делеше со Лиам, а кој изгоре во пожар во 2018 година. Но, таа пее и дека „можам да се сакам себеси подобро од тебе“…
„Flowers“ некои веќе ја нарекоа најголема химна за самољубие за 2023!

Инаку, Мајли и Шакира не се први или единствени кои преку песни ја изразиле својата огорченост, одмазда, тага или понижување кон своите поранешни и им испратиле јасна порака.

Тејлор Свифт – „We are never ever get back together“

Познато е дека Тејлор Свифт својата песна „Style“ му ја посвети на поранешното момче, Хари Стајлс.

Сепак, малкумина знаат дека нејзината многу позната песна „We are never ever get back together“ е посветена на актерот Џејк Џиленхол, со кој пејачката беше во врска. Тејлор еднаш изјавила дека намерно напишала песна што ќе го полуди кога ќе ја слушне на радио. Песната трае 10 минути, а Тејлор откри дека настанала на пробна сесија за време на „тажен и вознемирувачки“ период од нејзиниот живот.

Бијонсе – „Resentment“ и „Sorry“

Шампионка на одмаздата преку песни е дефинитивно Бијонсе.

Таа своевремено ја објави песната „Resentment“ во која цело време пее за мажот кој ја лажел. Кога го објави албумот „Lemonade“ и синглот „Sorry“ во 2016 година, Бијонсе потврди дека сопругот Џеј Зи ја изневерил додека била бремена, но никогаш не откри за која жена станува збор.

Селена Гомез – „Lose You to Love Me“

Една од потрагателните песни е „Lose You to Love Me“ на пејачката и актерка Селена Гомез, која крена прашина бидејќи сите веруваат дека Селена му ја посветила на пејачот Џастин Бибер со кој беше во турбулентна врска од 2011 до 2017 година.

Во песната Селена во еден стих вели: „Ти ми го вети светот и јас ‘паднав’ на тоа. Те ставив на прво место и ти тоа го обожаваше“, а највпечатлив е стихот: „За два месецa нѐ замени. Како да беше лесно“.

Имено, Џастин започна врска со манекенката Хејли Бибер, со која сега е во брак, само два месеца по нивното раскинување.

ВИДЕО | По Шакира, Мајли Сајрус објави нова песна на роденденот на поранешниот сопруг

ВИДЕО | „Замени Ферари за Твинго, замени Ролекс за Касио“: Шакира руши рекорди со песната за Пике

ФОТО | Романтична прошетка на Пике и новата девојка, за која вели дека е „поразбирлива“ од Шакира

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот