ВИДЕО: Змија во паркот кај Веро 2

Вознемирени граѓани во редакцијата на Слободен печат алармираат дека во паркот кај Веро 2 пред неполн час забележале змија долга метар и половина.

Една од жителките на населбата успеала да ја сними и фотографира змијата и за нашата редакција тврди дека се јавила на телефонскиот број на Центарот за управување со кризи од каде одбиле да дојдат и според нејзините зборови и сугерирале да плати приватно за да биде интервенирано.

Змијата на снимката се наоѓа во непосредна близина на пешачка патека која е многу посетувана од родители и мали деца.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот