ВИДЕО: Златен момент за Англија – 20 години од слободниот удар на Дејвид Бекам!

Дејвид Бекам беше херојот на стадионот „Олд Трафорд“/Манчестер, Англија/6 октомври 2001/Фото: EPA PHOTO EPA/GERRY PENNY

Дејвид Бекам ќе остане во сеќавање како еден од најдобрите репрезентативци во историјата на Англија, а негов „специјалитет“ во текот на натпреварите беа слободните удари.

На денешен ден пред точно 20 години, на 6 октомври 2001 година на Англија очајно ѝ требаше бод во дуелот со Грција за да се пласира на Мундијалот.

Се играше последното коло од квалификациите за Светското првенство во 2002 година, а пред овој натпревар Германија и Англија имаа ист број на бодови.

Англичаните беа подобри во меѓусебниот скор и бодот со Грците го гарантираше нивниот пласман на СП. Харистеас погоди за Грците, Теди Шерингем израмни, а минута подоцна Николаидис ја врати предноста на Грција.

Англичаните беа во огромен проблем, бидејќи во тој случај Германците одат директно на Мундијалот, а на Англичаните им се закануваа евентуално пропуштање на Мундијалот!

Во последната минута од судиското надополнување, беше досуден слободен удар за Англија, а потоа на сцена стапи Бекам. Ја презеде одговорноста, стрелаше фантастично во грчката мрежа за голема радост на неговата репрезентација и навивачите на стадионот „Олд Трафорд“ во Манчестер.

На крајот, Англија отиде на Мундијалот, помина низ тешка група со Аргентина, Данска и Нигерија, но во четвртфиналето Давид Симан прими гол од речиси половина терен по ударот на Роналдињо и „Гордиот албион“ беше елиминиран.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот