ВИДЕО | ЖРК Куманово со гол од пенал во последната секунда загуби од Макаби во Израел

Фото: Screenshot

Денес ракометарките на Куманово несреќно беа поразени во првото коло од Европската лига. Во Израел тимот на Макаби Аразим Рамат Ган славеше минимално со 25:26.

Од почетокот натпреварот беше израмент, видовме неколку пресврти. Макаби имаше предност од два гола (1:3), но Куманово успеа да направи пресврт и на десет минути до крајот да поведе со два разлика (8:6). На паузата сепак домаќините заминаа со водство од еден гол разлика (15:14).

Не се промени многу сликата и во вториот дел. Макаби на почетокот стигна до водство од 20:16, но Куманово не се предаваше, се врати во игра и натпреварот влезе во драматична завршница (25:25). Откако Куманово имаше неискористен напад за победа ракометарките на израелскиот тим во контра добија пенал во последната секунда кој го реализираа.

Габриела Величковска беше најдобра во Куманово со 13 голови, додека Дуња Тасиќ постигна девет гола за тимот од Израел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот