ВИДЕО | Жоао Феликс е нов фудбалер на Ал Наср
Ал Наср го потврди трајното потпишување на Жоао Феликс од Челси, а португалскиот напаѓач потпиша двегодишен договор што ќе го задржи во саудискиот клуб до јуни 2027 година.
Препорачано
Жоао Феликс (25) ќе му биде соиграч на својот сонародник Кристијано Роналдо во тимот од Ријад.
Ги заврши лекарските прегледи претходно оваа недела, неговото доаѓање додава на квалитет во нападот на Ал Наср кој се обидува да ги надополни своите неодамнешни успеси во Саудиската професионална лига.
Минатата сезона во Серија А во дресот на Милан имаше 15 настапи и два голови, во Купот на Италија четири настапи и еден погодок, а играше во два натпревари во Лигата на шампионите.
Претходно во својата клупска кариера беше дел од Бенфика, Атлетико Мадрид и Барселона. Од 2019 година за најдобрата португалска репрезентација има до сега 45 настапи и девет голови.
Official ✍️
Portuguese star João Félix signs for #AlNassr 💛 pic.twitter.com/8xs8idHwhD— AlNassr FC (@AlNassrFC_EN) July 29, 2025
"I'm here to spread joy.
Let's win together."João Félix is Nassrawi ✍️ pic.twitter.com/pRIccbM4MB
— AlNassr FC (@AlNassrFC_EN) July 29, 2025


