Фото: Instagram/ perseverance.mars

ВИДЕО | Живот на Марс?: Роверот на НАСА откри разновидни органски материи на Црвената планета

На површината на Марс повторно се пронајдени органски молекули, кои би можеле да им дадат на научниците резултати за тоа дали некогаш постоел живот на Црвената планета, пишува „Ројтерс“

Слични молекули кои содржат претежно јаглерод, водород, кислород, азот и сулфур претходно биле откриени во метеоритите на Марс и во кратерот „Гејл“ на оваа планета.

Овој пат, роверот „Упорност“(„Perseverance“) на НАСА, откри органски соединенија во кратерот „Језеро“, древен езерски слив со „висок потенцијал“ за живот во минатото. Наодите сугерираат дека во минатото можеби постоел покомплексен систем, отколку што претходно се мислеше.

Со новите сознанија за оваа органска материја експертите може да откријат дали некогаш имало живот на Марс. Но, откритието на истражувачите веднаш не им укажува на постоење на живот.

Овие молекули се поврзани со животот и биолошките процеси, но може да се создадат и од небиолошки процеси.

Тимот предводен од истражувачи од Калифорнискиот институт за технологија, го објави своето откритие во списанието „Нејчр“(„Nature“). Тие рекоа дека може да има голем број објаснувања за потеклото на органската материја, вклучувајќи интеракции помеѓу водата и карпите, или наслаги од меѓупланетарна прашина или метеори. Но, биотичкото потекло ,добиено од живи организми не е намалено.

„Присуството и дистрибуцијата на зачуваната органска материја на површината на Марс може да обезбеди клучни информации за јаглеродниот циклус на Марс и потенцијалот на планетата да биде домаќин на живот низ нејзината историја.“, напишале авторите на студијата.

Тие објасниле дека потенцијалните органски молекули во голема мера се наоѓаат во минерали поврзани со водени процеси, што покажува дека овие процеси можеби имале клучна улога во органската синтеза, транспорт или зачувување.

Тимот вели дека примероците ќе треба да се вратат на Земјата за анализа во лабораторија, за да се потврди потеклото на молекулите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот