ВИДЕО: Жиру како голман ја одбрани победата на Милан во Џенова и првото место во Серија А

фото: EPA-EFE/LUCA ZENNARO

Фудбалерите на Милан како гости ја победија Џенова со 1:0 во осмото коло од италијанската Серија А. Во финишот права драма, а секако детал од натпреварот е дека напаѓачот Оливие Жиру застана на голот и ја одбрани победата и првото место за „Росонерите“.

Еден удар на Милан во голот во првото полувреме и тоа беше сè, слично беше и во понатамошниот период од мечот, но Кристијан Пулишиќ стави крај на агонијата на гостите.

Се играше 87 минута кога Муса го проигра соиграчот од американската репрезентација, Пулишиќ одлично ја зеде топката и успеа да ја затресе мрежата на немоќниот Мартинез.

Фудбалерите на Алберто Џилардино тргнаа на сè или ништо да го избегнат поразот, непромисленото истрчување на Мењон значеше исклучување на францускиот голман, па поради сите направени измени Жиру застана во голот на Милан.

Гудмундсон шутираше од слободен удар, а гостите имаа среќа бидејќи по контактот на играчот топката се одби од пречката, по што исклучување заработи и голманот на Џенова, Мартинез.

Имаше Жиру и една интервенција, па благодарение на истата Милан конечно ја преживеа драмата во Џенова од која излезе како победник и воедно моментно е на првото место на табелата со 21 бод. Џенова е на 15 позиција со осум бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот