ВИДЕО | Жилиет Бинош, Марион Котијар, Изабел Ипер… Француските актерки ја сечат косата во знак на солидарност со Иранките

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Познатите француски актерки, меѓу кои Жилиет Бинош, Марион Котијар и Изабел Ипер, отсекоа прамен од косата во знак на протест поради смртта на Махса Амини, 22-годишна Иранка која падна во кома откако беше уапсена од полицијата за морал во земјата.

„За слобода“, извикнала Жилиет Бинош и со ножици отсекла полна шака од својата коса и ја вперила во камерата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Juliette Binoche (@juliettebinoche)


На славната актерка во потстрижувањето на косата како знак за поддршка на младата Иранка ѝ се придружија и други француски актерки и пејачки од А-листата, меѓу кои Марион Котијар и Изабел Аџани.

Како музика во позадина за видеоснимките на кои сечат прамени коса свири италијанската песна „Бела чао“ (Bella Ciao) на персиски јазик.

Амини беше уапсена на 13 септември во Техеран поради „несоодветна облекување“, а почина три дена подоцна во болница, што предизвика бранови протести во Иран во кои досега загинаа повеќе од 130 луѓе, според податоците на организациите за човекови права.

„Махса Амини беше злоставувана од полицијата за морал сѐ додека не настапила смрт. Таа беше обвинета само поради тоа што го носела превезот на несоодветен начин. Таа почина затоа што ѝ се гледаа неколку прамени од косата“, стои во текстот што го придружува видеото на профилот на Инстаграм објавен од #soutienfemmesiran (Поддршка на жените од Иран).

Објавата брзо се прошири и на другите социјални мрежи.


„Жените во Иран очекуваат поддршка од меѓународната заедница. Ова е убав начин да се покаже таа поддршка“, рекол за Ројтерс францускиот адвокат Ришар Седиљо, кој ја покренал акцијата.

„Ова е само првиот чекор, се надевам дека ќе го следат сите во светот, не само актерките туку сите. И мажите би можеле да се потстрижат, мислам дека и тоа ќе се случи“, додал Седиљо.

Адвокати, медиумски личности и други жени во Франција го следеа примерот на познатите актерки.

Својата коса во Европскиот парламанет во текот на пленарната седница во средата ја отсече и шведската пратеничка Абир Ал-Сахлани, родена Ирачанка.

– Сѐ додека Иран не биде слободен, нашиот гнев ќе биде поголем од угнетувачите. Додека Иранките не бидат слободни, ние ќе бидеме покрај вас – рекла таа пред да си го отсече „коњското опавче“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Abir Alsahlani (@abiralsahlani)


Протестите во Исламската Република се одржуваат секој ден откако Макса Амини почина на 16 септември во притворот на полицијата во Техеран, откако беше приведена поради неправилно носење хиџаб.

Иранските власти се плашат од вистината – 18 новинари уапсени од почетокот на протестите

Тага и бес во Иран! На протестите убиена и позната инфлуенсерка

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот