ВИДЕО: Жени во урнебесно видео ја покажаа разликата меѓу новопечена мајка и „мајка-ветеранка“

Фото: Принтскрин/Тикток

Мајката и комичарка Това Ли често споделува смешни скечеви за родителството и феминизмот. Едно од видеата кое го направи со колешката Рион О Конор е пародија која ги прикажува разликите меѓу новопечените мајки и искусните мајки.

На почетокот во видеото Ли и Конор водат вообичаен муабет. Ли ја демонстрира мајката ветеранка, а Конор новопечената мајка. Додека разговараат, нивните деца започнуваат да се расправаат.

„Душо нежно, без кавги“, им се обраќа Конор. Децата на тоа не реагираа па Ли им се развика „Рековме да престанете да се расправате!“.

Останатото е навистина смешна пародија која задолжително треба да ја погледнете…

@tova_leigh We’re all doing a great job, some of us just do it a little louder (or with a hose) 😂 which one are you?! with @rionaoconnor_ #fyp #funny #parenting #momsoftiktok ♬ original sound – Tova Leigh

Видео на денот